Избегната трагедија во тетовско: Ги слушнал како планираат да му фрлат бомба дома!

32

Ноќва во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц.(52) од селото 16Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа.

Како што соопшти СВР Тетово, околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати.

Г.Ц. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.