Најпознатиот хрватски скијач и легенда на спортот, Ивица Костелиќ, за само еден месец преживеа две вистински драми во кои си го ризикуваше животот. Прво, едвај го спаси крајбрежната полиција во Црна Гора, кога се преврти од чамец поради силните бранови, а сега хрватските медиуми пренесуваат дека за влакно ѝ избегал на смртта кога го затрупала лавина на скијачката патека во Обертауерн.

Во текстот се вели дека веднаш по неговата несреќа, следувала успешна спасувачка операција.

Поради оваа вест, се огласи и самиот Ивица Костелиќ, кој објасни за што точно се работи.

  • Денеска бев директен очевидец на лавина во Австрија во која, според моите сознанија, никој не е повреден и, како и секој граѓанин, ги кажав информациите по ваков настан. Претпоставувам дека така заврши моето име во оваа вест.

Јас сум на скијање со семејството и би сакал да ги замолам сите медиуми да ја почитуваат мојата приватност и да не нè вознемируваат мене и моето семејство. Ви благодарам – објави Костелиќ на социјалните мрежи.

Словенечки „24.ur.com“, неколку часа претходно објави, а хрватските медиуми пренесоа, дека бил однесен Костелиќ од лавина на скијачката патека во Обертауерн, Австрија.

Планинската спасувачка служба во Обертауерн објави, без да ги именува луѓето, дека повеќе од 40 луѓе, алпската полиција и два хеликоптерски тима се вклучени во спасувачката операција.

  • Лавината, која содржеше големо количество прашина, се случи на надморска височина од 2.150 метри, во областа Гамшпице. Опасноста од секундарни лавини беше голема, беше затрупан 45-годишен Хрват, повеќе од еден метар во длабочина, а беше извлечен од 30-годишен скијач од Салцбург – се вели во соопштението.

 

ИЗДВОЕНИ