EPA-EFE/L. Rico

Грчкиот тренер Димитрис Итудис е нов стратег на израелски Хапоел од Тел Авив. Кошаркарскиот портал „Sportando“ пренесува дека двете страни постигнале официјален договор.

Актуелниот тренер на Хапоел, Стефанос Дедас, треба да остане во стручниот штаб како помошник на Итудис.

Итудис се прослави како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос, во периодот од 1999 до 2012 година. Првиот голем ангажман во ЦСКА Москва го имаше од 2014 до 2022 година, а со рускиот тим двапати ја освои Евролигата.

Потоа беше селектор на Грција и кратко време селектор на турски Фенербахче.

Хапоел игра во Еврокупот, трет е во групата А, со пет победи на осум натпревари. Пред него се Гран Канарија и Бахчешехир.