– „Партизански одреди“ и секој друг булевар да се редизајнираат со потесни ленти за, при наредните реконструкции, да се изведат со максимална широчина од три метри. Да се намени по една лента за јавниот превоз, да се издвои физички, што ќе створи коридори од 2 ленти по 3 метри за автомобилите (наместо 3 ленти по 3,5 метри), по кои нема да може да се лудува. Да се зголеми просторот за пешаците. Убијците во сообраќај строго да бидат казнувани, зашто во голем број случаи не се работи за несреќи (случајни настани). Да се вози автомобил со брзина над дозволената, а уште повеќе од 100 км/час во градска средина, е исто како да се излезе со автоматско оружје со рафален истрел и да се пука наоколу. Дури и кога нема да убиеш некого, тоа е еднакво на обид за убиство и така треба да се третира од правосудството – потенцираат од „На точак“

По повод смртта на младата 22-годишна Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, од „На точак“ бараат веднаш да се стави во употреба системот„Безбеден град“ и да не се одложува ни ден. Освен тоа, секој булевар што се реконструира или изведува во моментов, да се изведе со коловозни ленти широки најмногу 3 метри или помалку.

– „Партизански одреди“ и секој друг булевар да се редизајнираат со потесни ленти за, при наредните реконструкции, да се изведат со максимална широчина од три метри. Да се намени по една лента за јавниот превоз, да се издвои физички, што ќе створи коридори од 2 ленти по 3 метри за автомобилите (наместо 3 ленти по 3,5 метри), по кои нема да може да се лудува. Да се зголеми просторот за пешаците – нагласуваат од „На точак“.

Бараат убијците во сообраќајот строго да бидат казнети, зашто во голем број случаи не се работи за несреќи (случајни настани).

– Да се вози автомобил со брзина над дозволената, а уште повеќе од 100 км/час во градска средина, е исто како да се излезе со автоматско оружје со рафален истрел и да се пука наоколу. Дури и кога нема да убиеш некого, тоа е еднакво на обид за убиство и така треба да се третира од правосудството – потенцираат од „На точак“, од каде што додаваат дека ова се само дел од мерките што може веднаш да се донесат и да влијаат на намалувањето на бројот на жртвите во сообраќајот.

Според нив, има уште многу мерки што може да бидат донесени од различни тела, но во моментов, како што велат, на овој начин најмногу ќе влијаат.

– Треба да превенираме за воопшто да не се случуваат вакви настани. Нема да навлегуваме во начинот на работа на судските органи, зашто не е наша област. И таму се потребни коренити промени – децидни се од „На точак“.

Како што истакнаа, во 2015 година, на Фросина Цековска ѝ го одзедоа животот на „Партизанска“ кај „Ленинова“, а во 2022 година, на Викторија Николова ѝ беше одземен животот на „Партизанска“ кај „Сити мол“ и сите три случаи се исти.

– На тој булевар, девојка прописно преоѓа преку пешачки премин, а младо момче со непрописна брзина ѝ го одзема животот. Ова се само три случаи од стотиците сообраќајни удари и судири што се случуваат на овој булевар годишно. И уште илјадници низ целата земја, од кои огромен број се со кобни последици – велат од „На точак“ и прашуваат што е сменето во овие 10 години, дали коловозните ленти на „Партизанска“ се стеснети, дали е ставен фокус на младите момчиња како целна група што непрописно вози и (според светските истражувања) најчесто е виновна за сообраќајните прекршоци и судири со тешки последици, дали се посериозни казните, дали е воведен системот за казнување „Безбеден град“.

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Никола Крстаноски, вели дека постои масовно непочитување на сообраќајните правила и прописи.

– Не само на булеварот „Партизански одреди“ туку и на сите булевари и улици во Скопје воопшто не се почитува ограничувањето на брзината. Во последно време, покрај алкохолизирани возачи, сè почесто има и случаи на дрогирани возачи. Системот „Безбеден град“ би требало да помогне во подобрувањето на состојбите ако се спроведува неселективно.

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ