Италијанските мафијашки организации имаат нова „златна кокошка“: Вртат милијарди евра на туризмот

57

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика, објавено во вторник.

Прометот и профитот на мафијата ќе пораснат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони аџии кои се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.

Камора, која главно работи во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

Организациите или поседуваат акции во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимните компании.