Италијанската полиција денеска соопшти дека 27 лица се уапсени во паневропска операција против две групи за шверц на дрога, од кои едната користела мигранти како курири.
Осомничените се уапсени во Италија, Албанија и Шпанија, се наведува во соопштението на италијанските карабинери, пренесува Ројтерс.
Дваесет од уапсените се задржани во притвор, додека на седуммина им е одреден домашен притвор, се додава во соопштението.