Истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е при крај и за многу краток период таа ќе биде завршена, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска беше во посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.
„Истрагата која што се води од страна на јавното обвинителство, сето она што е преземено досега е споделено со јавноста, истрагата се уште е во тек. МВР постапува по насоки добиени од ОЈО. Се надевам дека за максимално краток временски период ќе завршиме со целокупната истрага за да се продолжи со понатомошниот тек на постапката“ рече Тошковски.
Се вештачат над 70 мобилни телефони и 30-тина десктоп и лаптоп комјутери, се прават проверки и анализи за истрагата во Кочани. Течат и оние 300 распити кои ги најави обвинителството, со цел да се утврди вината и за кобниот 16-ти март, но и системските пропусти кои се правеле од институциите во континуитет една деценија.
Опозициските ДУИ и СДСМ денеска повторно оценија дека се води селективна истрага за пожарот во Кочани и дека се штитат директно одговорните за трагедијата, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека двете партии тонат во безизлезноста и неспособноста.
– Во историјата на Македонија немало акција каде било уапсен актуелен министер, актуелен градоначалник, поранешни градоначалници и министри во исто време. Брутално безобразие е партиите СДС и ДУИ да велат дека има селективна акција, истите тие чии претседатели се товареа со украдени пари, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Левица, која поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Топковски, велат дека целата процедура околу интерпелацијата е законска. Лидерот на партијата Димитар Апасиев најавува и интерпелации за премиерот и за државниот јавен обвинител.
За пожарот во кочанската дискотека во кој загинаа 62 лица, досега има 59 осомничени. ОЈО Кочани вчера за прв пат побара мерки на претпазливост и за синот на газдата на дискотека кој досега беше на лекување. Во куќен пртивор се поранешните градоначалници на Кочани и екс министри за економија. Во ефективен притвор се 21 лице, меѓу кои екс министерот Бектеши и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор Шабан Салиу.
ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува уникатен пример за правна импровизација