Истрагата за Кочани се проширува, се апсат поранешни министри за економија

1061

Истрагата за несреќата во Кочани каде во пожар загинаа 61 човек се проширува и според непотврдени информации уапсени се поранешни министри за економија од редовите на ДУИ, поранешни и актуелниот директор на ДЗС.
Неофицијално приведени се актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС Џеват Селами кој е кадар на Вреди. По наредба на надлежен обвинител и МВР опфатени во истрагата се поренешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини. Неофицијално под истрага се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев.
Од ОЈО потврдуваат дека истрагата се проширува и кон други лица и најавија повеќе детали во текот на денот.

“По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек, информираат од ОЈО

 

ИЗДВОЕНИ