Истрагата откри: Хеликоптерот летал повисоко од дозволеното кога се судрил со авионот над Вашингтон

13

Американските истражувачи ја открија причината за стравотната авионска несреќа што се случи минатиот месец, кога се судрија воен хеликоптер и патнички авион на „Американ ерлајнс“, при што загинаа сите 67 патници и членови на екипажот во двете летала.

-Хеликоптерот „Блек хок“ имал проблем со висината кога се судрил со авионот во близина на Националниот аеродром „Роналд Реган“, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за „Фокс њуз“.

Оваа несреќа се смета за најсмртоносна во САД во последните 20 години.

Истражителите од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот утврдиле дека авионот ЦРЈ700 се наоѓал на висина од 91 метар, со минимални отстапувања, во моментот на судирот. Ова сугерира дека воениот хеликоптер летал над 61 метар (200 стапки), што е максималната височина за рутата што ја користел.

Пред неколку дена, претседателот Доналд Трамп на својата социјална мрежа напиша дека „хеликоптерот ’Блек Хок’ летал премногу високо, далеку над границата од 200 метри.

ИЗДВОЕНИ