Истрага во Шпанија: Безживотно тело на бебе пронајдено во погон за обработка на отпад

46

Безживотно тело на бебе е пронајдено во објект за преработка на отпад во предградието на шпанскиот град Валенсија, соопшти денеска Цивилната гарда.

На телото на бебето сè уште имало папочната врвца, објави шпанскиот медиум Ла Разон.

Покрената е истрага која треба да утврди каде е фрлено телото на бебето, како и да се лоцираат родителите.

Во капацитетот за преработка на отпадот каде што е пронајдено бебето се обработуваат меѓу 400 и 500 тони ѓубре дневно.

ИЗДВОЕНИ