Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу пет килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот. Три килограми од дрогата се договориле да ја продадат на купувач – грчки државјанин за сума од 9.000 евра. При обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, полициски службеници ги затекнале. На лице место биле уапсени двајца од осомничените, додека третиот се дал во бегство, но набрзо и тој бил приведен. Дополнително, во близина на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која им била наменета за продажба.