Историски подвиг – четврта земја во светот: Индија успешно изведе „вселенски докинг“

31

Индија стана четвртата земја во светот која успешно го изведе таканареченото „вселенски докинг“, процес во кој два сателити се спојуваат и се одвојуваат во орбитата.

Експериментот наречен „SpaDeX“ (Експеримент за приклучување на вселената), го спроведе Индиската организација за вселенско истражување (ISRO), објави Ројтерс.

Како дел од мисијата, два индиски сателити, Таргет и Чејзер, со големина на голем фрижидер, успешно се споија, а потоа повторно се разделија, по серија сложени маневри.

Овој технолошки напредок е важен за идните мисии, како што се изградба на вселенски станици и сервисирање на сателити, а исто така ја демонстрира способноста на Индија да учествува во комерцијални и истражувачки мисии во вселената, посочува агенцијата.

Индискиот премиер Нарендра Моди истакна дека мисијата „SpaDeX“ е голем чекор во остварувањето на целите на Индија во вселенскиот сектор, што е дел од стратегијата да стане глобална вселенска суперсила.

ИЗДВОЕНИ