Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски ќе биде првиот наш спортист што ќе се натпреварува на една од најпрестижните трки – „24 часа Ле Ман“. Тоа е историски момент за Македонија и за македонскиот спорт.
- Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим што ќе настапува на светски шампионат. Да го видиме македонското знаме на легендарната трка „24 часа Ле Ман“ навистина е чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се приспособам на мотоциклот со кој ќе возам и, секако, да се квалификувам на најтешката трка во светот. Подготовките веќе се во тек и се надевам дека сè ќе биде како што треба, со Господ напред – истакна Бузалковски.