Историски ден за аеродромот во Истанбул: Започна ерата на три симултани писти

166

На аеродромот во Истанбул започна ерата на три симултани писти. Со новиот систем, три авиони ќе можат истовремено да слетуваат и полетуваат од аеродромот во Истанбул, објави ТРТ.

Говорејќи на церемонијата по повод започнувањето на истовремени операции од три писти на аеродромот во Истанбул, турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу рече дека од денеска три авиони ќе можат истовремено да слетуваат или полетуваат од целосно независни писти на овој аеродром.

– Ова не е само прв пат за Турција, туку и за европската авијација, историски чекор на глобално ниво. Турција е единствената земја која по САД ја воведе оваа практика – рече тој.

ИЗДВОЕНИ