Историска зимска бура го зафати југоистокот на САД, реородни снежни врнежи на Флорида – повеќето од жителите немаат ни лопата!

63

Историското јануарско невреме донесе повеќе снежни врнежи долж американскиот брег на Мексиканскиот залив во средата, откако речиси ги парализираше Хјустон и Њу Орлеанс во изминатите два дена и затрупа делови од Панхендл на Флорида.

Дополнителни 10 сантиметри снег, во комбинација со лапавица и замрзнат дожд, се очекува да паднат на некои места во северна Флорида, јужна Џорџија и југоисточна Јужна Каролина додека бурата поминува низ регионот, соопшти Националната метеоролошка служба во средата.

Флорида можеби веќе го сруши својот рекорд со 23 сантиметри снег во западниот град Милтон во близина на Пенсакола, изјави Френк Переира, метеоролог од Националната метеоролошка служба.

Градоначалничката на Милтон, Хедер Линдзи рече дека не видела снегулка во градот од 2014 година. Градот нема машини за чистење снег, а повеќето жители немаат ниту лопата, рече Линдзи.

Во Талахаси, главниот град на Флорида, каде што во јануари температурите обично се движат околу 15 Целзиусови степени, а во наредните денови се очекуваат температури до минус 15 Целзиусови степени.

Зимската бура веќе ги погоди главните градови на брегот на Мексиканскиот залив како Хјустон, каде паднаа 10 сантиметри снег, најмногу од 1960 година. Во областа Њу Орлеанс, на некои места паднаа рекордни 25 сантиметри снег.

Во невремето загинаа најмалку 12 лица, од кои пет во округот Завала, Тексас, вчера рано наутро во сообраќајна несреќа на автопатот 57, соопшти Одделот за јавна безбедност во Тексас. Уште две смртни случаи во Тексас, наводно, се предизвикани од изложеност на студ во Остин, објавија официјални лица.

Други смртни случаи поврзани со студ се пријавени во Алабама и Џорџија, соопштија официјални лица. Националната метеоролошка служба предупреди околу 38 милиони луѓе ширум регионот за опасноста од смрзнатини, хипотермија и лоши услови на патиштата.

Повеќе од 150.000 домови и бизниси останаа без струја од Тексас на исток до Џорџија и Флорида, според веб-страницата Poweroutage.us. Многу училишта и канцеларии на локалната самоуправа се затворени, а автопатиштата низ регионот се лизгави, покриени со снег и мраз.

ИЗДВОЕНИ