Кошаркарите на Пелистер со победа ја почнаа АБА 2-лигата откако беа подобри на домашен терен, од Широки Бријег со 74:72, во рамките на воведното коло во групата Ц. Ова воедно беше прв меѓународен натпревар на Пелистер во Битола, бидејќи претходните сезони ова натпреварување се играше во балони.
- Им честитам на моите момци, кои го дадоа својот максимум од прв до последен. Навистина играме во извонредна атмосфера, мислам дека ќе имаме побројна публика н следниот натпревар. Среќен сум за првата победа. В сабота нè чека мечот со Тиквеш, одиме од меч на меч и треба да играме добро. Тимот е нов и е потребно време, а ова е огромна, историска победа за Пелистер во Битола.