Испратена инспекција на увид во психијатриска установа каде што се лекувал напаѓачот во основното училиште во Загреб

390

Министерството за здравство за Хина потврди дека започнало здравствена инспекција на Клиниката за психијатрија „Свети Иван“ во Јанкомир, каде што 19-годишникот кој во петокот уби седумгодишно дете во напад во основно училиште, и повреди уште неколку ученици и наставничка, наводно се лекувал.

Насилникот и самиот бил повреден при обид за самоубиство, кој бил спречен од полицијата.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ изјави дека напаѓачот веќе бил регистриран за ментални нарушувања.

„И пред околу една година имаше обид за самоубиство, па тоа што и денеска се обиде да си го одземе животот покажува дека е тешко да се каже дека лицето било психички избалансирано“, рече министерот.

Некои хрватски медиуми објавија дека разговарале со мајката на напаѓачот, која, како што пишуваат, за својот син рекла дека неколку пати бил во психијатриска болница во Јанкомир каде наводно ги предупредила лекарите да го задржат на лекување, а тие, како што тврди таа, го пуштиле дома.

ИЗДВОЕНИ