Андрес Густаво Ричи Гарсија, бизнисмен од Колумбија, извршил страшно злосторство, убивајќи ја својата свршеница, поранешната светска шампионка во уметничко лизгање Луз Мери Тристан, два месеци пред нивната венчавка.

Тие беа во врска шест години, а ноќта меѓу 4 и 5 август 2023 година, тој ја нападнал својата избраничка. Тогаш, извесно време се слушале вресоци од луксузниот стан. Очигледно, Колумбијката поминала низ вистински пекол. По некое време, се слушнал истрел, а несреќната Луз Мери Тристан починала.

Обвинителството докажа дека Андрес Густаво Ричи Гарсија го извршил делото и сега му се заканува затворска казна до 50 години.

Според истрагата, кога бил среде расправија и под дејство на алкохол, тој зел пиштол и почнал да ја брка Луз Мери Тристан низ куќата. Таа успеала да избега во соба, ставајќи ја ногата на вратата за да го спречи да влезе внатре, а тој пукал низ вратата знаејќи дека стои зад неа.

Андрес не ја известил полицијата по злосторството. Тој продолжил да пие алкохол додека не пристигнале органите на редот и не го фатиле на дело. Се обиде да избегне казна, посочувајќи дека поради интоксикација со алкохол и дрога не можел да го изврши делото, но потоа детално опиша што се случило во раните утрински часови на 5 август. Тој тврдеше дека пукал низ вратата без да знае дека зад неа е Луз Мери, но обвинителството го негираше тоа. Се обиде да побара и застареност на делото и со тоа да избегне затвор, но не успеа.

Тој ќе биде осуден за насилен фемицид, а обвинителството се надева на максимална казна до 50 години според Кривичниот законик.

Луз Мери Тристан стана позната како првата колумбиска лизгачка што освоила светска титула, на трката на 5.000 метри на Светското првенство во брзо лизгање во 1990 година, во својата родна земја.

ИЗДВОЕНИ