„Еуроникел“ во стечај, ги исплати очекуваните плати за последните три месеци од отворањето на стечајната постапка, во вкупен износ од 101.261.445,00 денари. Дополнително се исплати регрес за годишен одмор и неисплатен годишен одмор во износ од 9.076.808,00 денари
Исплатени се три плати за вработените во поранешно „Фени”, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на Советот на Општината.
– Во интерес на 900 вработени, стечајни работници и во интерес на нивните семејства, ја информираме јавноста дека „Еуроникел“ во стечај, ги исплати очекуваните плати за последните три месеци од отворањето на стечајната постапка, во вкупен износ од 101.261.445,00 денари. Дополнително се исплати регрес за годишен одмор и неисплатен годишен одмор во износ од 9.076.808,00 денари. Наша желба и очекување е оваа компанија наскоро да започне со производство, а вработените што побрзо да се вратат на работа, истакна Јанчев.