Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е извршена вкупна исплата во износ од 169.222.200 денари на 5.566 пчелари, по мерката за директни плаќања за регистрираните презимени пчелни семејства за земјоделските стопанства што поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.

– Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство. Грижата за земјоделецот е приоритет на Министерството, додаваат од МЗШВ.

ИЗДВОЕНИ