На натпреварот за Мис Универзум во Јужна Кореја, што се одржува денеска учествува 80-годишната Чои Сун-хва, која е и најстарата учесничка досега по укинувањето на старосната граница за учество.
Претходно овој месец, Чои беше претставена како финалистка на годишниот избор за Мис Универзум во Јужна Кореја, каде што ќе учествува со уште 31 натпреварувачка, чиј победник ќе ја претставува земјата на финалето за Мис Универзум во Мексико во ноември, објави Си-Ен-Ен.
Таа за американската телевизиска мрежа изјави дека со учеството на натпреварот сака да покаже дека е можно да се одржи здравјето и убавиот изглед и во староста.
🇰🇷 | La modelo surcoreana #ChoiSoon-hwa, de 80 años, aspira a ganar el título de #MissUniverso, gracias a que el certamen eliminó en 2023 el límite de edad para las candidatas.
pic.twitter.com/9LnLkhcgij— CadenaSé.com (@CadenaSeCom) September 30, 2024
Чои, која ќе наполни 81 година следниот месец, за Си-Ен-Ен изјави дека е возбудена поради можноста да ја претставува својата земја во странство, наведувајќи ја поддршката од нејзините деца и внуци.
Со децении, Мис Универзум спроведуваше строги старосни ограничувања и дозволуваше учество на жени на возраст од 18 до 28 години, но од оваа година, горната старосна граница е укината поради зголемените повици за модернизација.
Минатата година организацијата ја укина долгогодишната забрана за учество на трудници, мајки и жени кои се во брак или разведени.
View this post on Instagram
На изборот за Мис Универзум во Канада годинава учествуваше 58-годишна жена, а во Аргентина 60-годишна жена.
Во моментов, најстарата учесничка во финалето во Мексико е 40-годишната Беатрис Нџоја од Малта, која е мајка на три деца, иако уште неколку земји допрва треба да ги изберат своите претставници.