Искршени прозорци и врати на новата градинка во Бутел 1

29

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, којашто ќе биде отворена во септември 2025 година. Искршени се прозорци и врати, а оштетен е и еден хидрант. Од Општина Бутел информираат дека инцидентот се случил во четвртокот, а направена е голема штета.

-МВР има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам, нагласувајќи дека срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви. Тој упати  апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика.

ИЗДВОЕНИ