Се случи неверојатна ситуација на Олимписките игри откако бразилска олимпијка дозволи да биде испратена дома. Бразилскиот олимписки комитет (БОК) одлучи да испрати еден од своите натпреварувачи дома. Станува збор за  пливачката Ана Каролина Виеира, бидејќи го раскинала договорот со раководството на тимот. Поради таквиот престап, било одлучено да не се натпреварува на Олимпијадата. Така, уништен е нејзиниот сон поради чиста глупост.

Ана Каролина Виеира, без знаење на првиот човек на Олимпискиот комитет на Бразил, одлучила да го напушти Олимпиското село, местото каде што се сместени повеќето спортисти во текот на Олимписките игри. Таа ја напуштила зоната заедно со своето момче, Габриел Сантос, а нивниот прекршок бил откриен по низата објави на социјалните мрежи. Оттаму и започнал вистинскиот проблем.

Додека пливачот Габриел Сантос без прашања ја прифатил опомената од тимот, Ана Каролина Виеира била агресивна, што довело до одлуката да не го претставува Бразил на Олимпијадата, иако се квалификуваше.

  • Поради тоа, Габриел Сантос доби предупредување, а Ана Каролина Виера беше исфрлена од делегацијата. Таа веднаш ќе се врати во Бразил – соопштија од Бразилскиот олимписки комитет.

Предводникот на бразилската пливачка репрезентација беше уште поостар:

  • Ние не сме дојдени тука за одмор и забава, ние се бориме за Бразил, за 200 милиони даночни обврзници, кои работат за нас.

Според него, Виеира не го почитувала кодексот на однесување, бидејќи била агресивна во комуникацијата со тимот. Било проценето дека целосно го загубила фокусот на натпреварувањето, па немале друг избор, освен да ја испратат во Бразил:

  • Се обидовме да разговараме со неа два пати, на базените, потоа уште еднаш настрана. Не можеме ни да се сетиме како се оправдуваше таа – велат од бразилскиот тим.

Инаку, Виеира настапи во саботата, во штафетата 4х100 мешано, а беше планирано да се натпреварува и во друга дисциплина.