Службата за одржување на хигиената при ЈП ПОЦ чистела на потегот околу Градскиот стадион и салата Работнички, а искосени и расчистени биле и дворовите на основните училишта „Киро Глигоров“ и ,,Кочо Рацин“.
Воедно, во Буњаковец со цистерни се поминати и освежени маалските улици, информираат од Општина Центар.
Оттаму апелираат до граѓаните и до сите надлежни служби во Град Скопје да се грижат за комуналната хигиена во летниот период за да се заштити здравјето на граѓаните во претстојните врели месеци.