Отстранета е натрупана дрвена маса на столбовите на мостот во Општина Петровец пред влезот во село Бадар, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), откако во неколку наврати граѓани ги известувале и се жалеле дека гранките околу столбовите на мостот и обилните врнежи предизвикале зголемено ниво на вода во речното корито на Пчиња.
– Големиот доток на вода во речното корито, попатно низводно нанел пообилна количина на дрвна маса и истите вршат притисок на столбовите на мостот во Општина Петровец, пред влезот на селото Бадар – велат од ЦУК.
Во дописот кој го доставиле граѓаните се се вели дека мостот е поприлично стар и некои од столбовите веѓе се закосени, со што постои веројатност поради големиот притисок од насобраната дрвна маса околу столбовите, истите да се срушат.
– Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи со допис ги извести надлежните институции, Општина Петровец и АД Водостопанство за превземање на мерки и активности за надминување на настаната состојба. Од Општина Петровец и АД Водостопанство сме известени дека од нивна страна е ангажирана соодветна механизација и дрвјата се исчистени од речното корито. – стои во дел од соопштението на ЦУК.