Исчистени 75 м3 отпад од диви депонии во Чаир, Бутел, Центар и во Ѓорче Петров

27

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ изминатотот деноноќие во отстраниле приближно 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во општините Чаир, Бутел, Центар и Ѓорче Петров.

– Во Општината Чаир е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што се подигнати близу 20 кубни метри непрописно фрлен кабаст и мешан комунален отпад. Посочената локација претставува таканаречена црна точка, каде што веќе подолг период континуирано се фрла отпад на јавните и на сообраќајните површини. Во оваа скопска општина беа отстранети и 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Славеј Планина“, во близина на скопското Теќе. На улицата „Ферид Бајрам“ во Општина Бутел се подигнати 10 кубни метри непрописно фрлен кабаст отпад и отпад од картонски пакувања – соопштија од претпријатието.

ЈП „Комунална хигиена“ отстранило отпад од диви депонии и во Општината Центар, каде што било интервенирано на улицата „Васил Ѓорѓов“ и на булеварот „Илинден“, во близина на Зоолошката градина и тениското игралиште, при што биле расчистени 15 кубни метри кабаст, градежен отпад и отпад од картонски пакувања, фрлени на сообраќајните и на тревните површини.

Во скопската општина Ѓорче Петров биле подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно фрлен кабаст отпад на главната улица и на улицата „Борис Сарафов“.

 

ИЗДВОЕНИ