Исчистена каналската мрежа на Водостопанство „Тиквеш“

39

Исчистена е отворената каналска мрежа за наводнување од  97,80 километри на Водостопанство ,,Тиквеш”, информираше  Александар Стојанов, раководител на сектор во подружницата.  Оваа подружница обезбедува вода за наводнување за земјоделските култури во општините Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско.

– Динамиката на подготовка на системите за наводнување се одвива континуирано и постојано. Системите за наводнување во поголем дел се подготвени за претстојната сезона за наводнување. Исчистена е, искастрена, отворена каналска мрежа за наводнување од 97, 80 километри. Се продолжува со санација на лоцирани дефекти. На пумпните станици после извршената демонтажа и сервисирање, пристапуваме кон монтажа и оспособување на истите. На 3 април почнавме со дистрибуција на вода за наводнување. Сезоната за наводнување започнува на 15 април и ние сме спремни – објасни Стојанов.

Во врска со речните водотеци, Водостопанство „Тиквеш“ имало изготвено оперативен план за заштита и одбрана од поплави и програма за заштита од штетно дејство на водите за 2025 година.

 

ИЗДВОЕНИ