Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ спроведе акција за итно расчистување на дивата депонија во месноста Камник со цел зачувување на животната средина и обезбедување почиста околина за жителите на општина Гази Баба.
Од општинското комунално претпријатие велат дека во текот на акцијата биле отстранети големи количини на комунален, градежен и друг отпад, кој претставувал потенцијална опасност за здравјето на граѓаните и околината. Оваа активност е дел од континуираните напори на ЈКП „Гази Баба 2007“ за одржување на јавните површини чисти и безбедни.
Притоа, апелираат до сите граѓани да не ги обновуваат веќе исчистените депонии.
– Отпадот мора да се одлага исклучиво на обележаните и за тоа предвидени места. Само со заедничка одговорност можеме да спречиме создавање на нови загадени подрачја и да обезбедиме почиста и поздрава средина за сите – потенцираат од ЈКП „Гази Баба 2007“.
Ги повикуваат граѓаните да пријават несовесно одлагање на отпад и да дадат свој придонес во одржувањето на јавната чистота.