Службите на Општина Центар вчера со механизација ја исчистиле дивата депонија која била лоцирана позади Амбасада на Република Грција.
Градоначалникот, Горан Герасимовски потенцира дека чистењето на дивите депонии е приоритет на Општина Центар, затоа што тие претставуваат закана за здравјето на граѓаните и животната средина.
-Со камион се подигна отпад од мебел, пластика и картони. Депониите се потенцијален извор на инфекции, загадување и опасност за жителите. Наша обврска е да реагираме брзо и ефикасно, грижата за чиста и здрава околина мора да биде заедничка одговорност на институциите и граѓаните – изјави Герасимовски.
Ова е третата исчистена депонија во последните неколку месеци. Претходно, беа отстранети дивата депонија позади трговскиот центар Буњаковец, до катната гаража и дивата депонија во близина на трговскиот центар „Ист Гејт“ којашто е во надлежност на Град Скопје.
Герасимовски ги повикува сите граѓани да пријавуваат диви депонии и проблеми со јавната чистота за навремено да интервенираат општинските служби.
Пријавите можат да се достават на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.
-Нашите служби веднаш ќе излезат на терен за да ја подобриме хигиената во Центар. Само со заеднички напори можеме да создадеме поубаво и почисто место за живеење – посочи Герасимовски.