Исчезнатото шестгодишно девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

57

Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, информираше СВР Куманово. Детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба.

– Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач, информираше СВР Куманово. 

ИЗДВОЕНИ