EPA-EFE/DAVID SWANSON

Плејмејкерот на Далас маверикс, Кари Ирвинг, мораше да оди на операција поради скршеница на левата рака, потврди тимот од Тексас. НБА-ветеранот, сепак, би можел да биде подготвен да ги почне подготовките за тимот што минатата сезона играше во големото финале. Ирвинг се повреди по финалето на НБА, кое Мавси го загубија од Бостон. На почетокот од јули, на тренинг ја скрши левата рака.

Не е сигурно кога би можел да се врати во тренажниот процес, но во Далас се оптимисти и велат дека тој ќе тренира за два и пол месеци.

Ирвинг беше клучен во неуспешната потрага на Далас по шампионскиот прстен. Во плејофот бележеше по 22 поена и пет асистенции на меч, додека во првенствениот дел од сезоната постигнуваше во просек по 25 поени.