Иранскиот суд ја осуди поп-ѕвездата Таталу на смрт поради богохулење

34

Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот пејач Амир Хосеин Магсулу (37), познат како Таталу, поради богохулење, објавија денеска локалните ирански медиуми.

„Врховниот суд го прифати приговорот на обвинителот“ на претходната петгодишна затворска казна за кривични дела поврзани со богохулење, објави реформистичкиот весник „Етемад“, објави „Гардијан“.

Беше наведено дека случајот против иранскиот пејач е „повторно отворен“, а тој овојпат е „осуден на смрт поради навреда на пророкот“ Мухамед.

Во извештајот се додава дека пресудата не е правосилна и дека се уште може да се поднесе жалба.

Амир Хосеин Магсулу живееше во Истанбул од 2018 година, пред да биде предаден на Иран од турската полиција во декември 2023 година, каде што оттогаш е приведен во таа земја.

Таталу беше осуден и на 10 години затвор за промовирање „проституција“, а во други случаи беше обвинет за ширење „пропаганда“ против Иран и објавување „непристојна содржина“.

На тетовираниот пејач, кој е познат по комбинирањето на рап, поп и R&B, претходно му се додворуваа конзервативните ирански политичари, верувајќи дека преку него можат да допрат до младите, либерално настроени Иранци, пишува „Гардијан“ (The Guardian).

Тој се појави во телевизиско шоу во 2017 година заедно со ултраконзервативниот ирански претседател Ебрахим Раиси, кој подоцна загина во хеликоптерска несреќа.

Во 2015 година, Таталу објави песна за поддршка на иранската нуклеарна програма, која беше разоткриена во 2018 година, за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ