За време на учеството на Светскиот економски форум во Давос, иранскиот потпретседател за стратешки прашања, Џавад Зариф, изрази надеж дека Иран ќе постигне нов нуклеарен договор со американскиот претседател Доналд Трамп.
-Се надевам дека овој пат „Трамп 2“ ќе биде посериозен, пофокусиран, пореален. – одговори Зариф на новинарско прашање дали Иран верува дека САД би можеле да се согласат на нов договор, пренесува АА.
За време на неговиот последен мандат во 2018 година, Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и повторно воведе санкции кон Техеран.
По критиките од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во врска со нејзините нуклеарни активности, Иран на 29 ноември објави дека планира да користи илјадници нови центрифуги за збогатување ураниум.
Во моментов, Иран збогатува ураниум до 60% чистота – ниво далеку под 90% потребни за нуклеарно оружје, но далеку од границите на првичниот нуклеарен договор.
Израелските власти постојано се закануваа дека ќе ги нападнат иранските нуклеарни постројки.