Иран порача: „Имаме должност да се браниме“

663
EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран денеска соопшти дека е „обврзан да се брани“ откако Израел изврши напади врз воени цели низ Исламската Република – напади што дојдоа како одговор на нападот со балистички ракети на Техеран врз земјата на почетокот на овој месец.

„Иран има право и должност да се брани од странски акти на агресија“, се вели во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на член 51 од Повелбата на Обединетите нации. Сепак, режимот не вети веднаш дека ќе одговори.

Израел рече дека е подготвен за потенцијален ирански одговор, но го предупреди Иран за таквиот потег.

„Ако режимот во Иран направи грешка да започне нова рунда на ескалација, ќе бидеме обврзани да одговориме“, изјави портпаролот на ИД, контраадмиралот Даниел Хагари во саботата наутро по завршувањето на четиричасовната операција.

Иранската државна новинска агенција Тасним објави дека двајца војници биле убиени во нападите во текот на ноќта. Не беа дадени повеќе детали.

Според двајца ирански официјални лица, цитирани од „Њујорк тајмс“, една од целите бил системот за воздушна одбрана С-300 на меѓународниот аеродром Имам Хомеини во близина на Техеран.