Иран ја укина забраната за платформите Ватсап и Гугл плеј 

29

Иран ја укина забраната за платформите Ватсап (Vacap) и Гугл плеј (Google Play), објавија денеска државните медиуми на земјата.

„Постигнато е позитивно мнозинство за укинување на ограничувањата за пристап до некои популарни странски платформи како Vacap и Google Play“, соопшти иранската официјална новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на заклучоците од состанокот со кој претседаваше шефот на државата Масуд Пезешкијан.

Иранскиот министер за информации и комуникации, Сатар Хашеми, рече дека овој потег е „првиот чекор во укинување на ограничувањата на интернетот“.

Властите во Техеран строго го контролираат пристапот до Интернет, а американските платформи како Фејсбук, Твитер и Јутјуб се блокирани во Иран, но технолошките граѓани на земјата немаат проблем да ги заобиколат забраните користејќи виртуелни приватни мрежи (ВПН), пишува Ројтерс.

Демонстрантите во Иран кои протестираа против властите во Техеран во последните години масовно ги користеа платформите и социјалните мрежи, потсетува британската агенција.