Иран и САД следната недела ќе одржат дополнителни разговори за иранската нуклеарна програма, објави денеска иранската државна телевизија на крајот од првиот круг разговори меѓу делегациите од двете земји во Оман.
Иранската државна телевизија објави дека американскиот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, „имале кратки разговори во присуство на министерот за надворешни работи на Оман“.
Американските власти веднаш не ги потврдија иранските извештаи.
Двете страни разговараа повеќе од два часа.
Влогот во преговорите е голем: Трамп постојано се закануваше дека ќе ги бомбардира иранските нуклеарни постројки доколку не се постигне договор, а иранските власти се повеќе предупредуваат дека можат да направат нуклеарно оружје од залихите на ураниум што веќе ги имаат.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, рече дека целта на Иран е „многу јасна: да ги заштити националните интереси на Иран. Даваме вистинска и правична шанса на дипломатијата, за преку дијалог да можеме да продолжиме напред по нуклеарното прашање, од една страна, и што е уште поважно за нас, кон укинување на санкциите“ врз Иран бидејќи тој не се откажува од својата програма.
Иако САД може да му понудат олеснување на санкциите на Иран, не е јасно колку Иран ќе биде подготвен да се откаже во замена.
Според нуклеарниот договор од 2015 година, на Иран му беше дозволено да одржува само мали резерви на ураниум збогатен до 3,67 отсто, додека најмалку 90 отсто се потребни за производство на нуклеарно оружје.
Залихите на Иран може да му овозможат да изгради нуклеарно оружје.
Судејќи според преговорите откако Трамп ги повлече САД од договорот во 2018 година, Иран најверојатно ќе се обиде да продолжи со збогатување ураниум до најмалку 20 проценти и нема да се откаже од својата програма.
Затоа предлогот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за таканареченото „либиско решение“ е неостварлив: „Влегувате, кревате во воздух објектите, ја демонтирате целата опрема, сето тоа под американски надзор!“.