Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, најави следната недела ќе започнат со состаноци со коморите околу запознавање со условите за кредитот.
– Добивам информација дека интересот за овој кредит е голем и очекувам побрзо завршување и одоборување од страна на банките, а потоа и трансфер на парите – истакна Димитриеска-Кочоска.
Министерката Кочовска е позитивно изненадена, бидејќи поради кризата во Европа очекувала приватниот сектор можеби да се повлече, но сепак интересот за искористување на поволните кредитни услови е голем.
– Договорите помеѓу Владата и Развојна банка се потпишани. Веќе се потпишуваат договорите помеѓу Развојна банка и останатите банки – информира министерката.