EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Премиерлигашите Арсенал и Челзи загризаа за еден од најдобрите играчи на Европското првенство досега, Нико Вилијамс (21). Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, објави за оваа трансфер-бомба, посочувајќи дека Вилијамс има излезна клаузула од 50 милиони евра во договорот со Атлетик Билбао. Наводно, покрај Арсенал и Челзи, во борба за крилниот напаѓач се вклучил и Ливерпул.

Англискиот гигант е подготвен да ја активира клаузулата, особено доколку колумбискиот напаѓач Луис Дијаз го напушти „Енфилд“.

„Ел Национал“ тврди дека Ливерпул се обидел да го доведе Вилијамс пред неколку месеци, но договорот пропаднал, бидејќи фудбалерот барал највисока плата во клубот. Сепак, потенцијалното заминување на Дијаз би отворило простор за ново име на таа позиција.