Инсталиран систем за мониторинг на потрошувачката на вода

38

Општина Крива Паланка инвестира 15.000.000 денари во современ систем за мониторинг на потрошувачката на вода.

– Со овој проект ЈП „Комуналец” изврши реонизација и сегментација на водоводната мрежа што ќе придонесе за: детектирање на загубите на вода по реони, придобивки за претпријатието во насока на детектирање дефекти, таргетирање идни чекори за реконструкција на водоводната мрежа и регулација на притисокот на вода во водоводната мрежа во Крива Паланка. Инвестираме во намалување на загубите на вода и зачувување на водата како значаен природен ресурс за одржливо живеење – соопштија од Општина Крива Паланка.

Со финансиски средства од Министерството за животна средина и просторно планирање ЈП „Комуналец“ постави електронски уреди за далечинско отчитување на потрошувачката на вода на 12 мерни локации.