Саемот на мебел повторно ги отвора вратите за сите љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите. Под слоганот „Инспирација за секој дом“, „Саемот на мебел 2025“ ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Годинашното издание на саемот ќе биде поделено во четири специјални зони, со цел посетителите полесно да ги откријат најновите трендови и да најдат сè што им е потребно за уредување на нивниот дом или работен простор. На изложбениот простор најголемите компании од Македонија и регионот ќе ги претстават своите најнови колекции на мебел и ентериерни решенија, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во ексклузивни премиери на производи, како и да ги искористатсаемските попусти и специјалните понуди.

Оваа година, Саемот ќе стави акцент наиновативни и еколошки материјали, одржлив дизајн и паметни решенија кои го подобруваат квалитетот на животот. Посетителите ќе можат да дознаат како најновите технологии го трансформираат начинот на кој ги уредуваме и користиме нашите домови.

Лани саемот за мебел го посетија над 15.000 посетители.

 

 

ИЗДВОЕНИ