Инспектори вршат увид во куќата на Штекли, тој е надвор од животна опасност/ФОТОГАЛЕРИЈА

664

Полицијата постави лента и инспекторите во присуство на јавен обвинител прават увид во дворот од куќата на повредениот Раде Трајковски – Штекли, позади трговскиот центар Ист Гејт. Изутрината соседството ги вознемири силната експлозија, уплашени и вознемирени набљудуваа како полицијата ги собираше трагите од лице место.

Фото: Ѕ.Плавевски

 Ова е трет напад во кој цел е Раде Штекли, претходно два пати ги преживеа куршумите на напаѓачите.

Инаку, повредениот од бомбата Раде Штекли е надвор од животна опасност, му се прават испитувања, потврдија за весникот Вечер од градската болница каде во моментов има полициско обезбедување.

Фото: Ѕ.Плавевски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека при експлозија на бомба повреден е Раде Штекли, во јавноста познат како припадник на криминалното подземје. Тошковски кажа дека лошо е што криминални банди хараат и денес и оти МВР сурово ќе одговори против оние кои ги вознемируваат македонските граѓани.

На новинарско прашање зошто полицијата не им влегува во траг на криминалците бидејќи заканата кон Штекли била објавена на социјалната мрежа ТИК-ТОК, министерот кажа дека прашањето било на место, но тој ќе бил искрен и полицијата ќе одговорела согласно капацитетите. (П.А)