Инспекцијата урива дивоградби без пардон

10507

Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти. Станува збор за објект на улицата „Железничка“. близу ресторанот „Љуц“.

При отстранувањето на објектот, градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека мора да се почитуваат законските прописи од сите чинители во Општината.

– Сите диво поставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение – ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции што ќе бидат отстранети во иднина, на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект, кој е со димензии 3.80×2.20 метри, но и други нелегално изграден објекти како дрвена платформа и челична натстрешница на улицата „Црвена Вода“ број 4, близу „Броз кафе“; метална врата на улицата „Мајаковски“, близу пекарницата „Силбо“ во Дебар Маало, која беше поставена на државно земјиште – истакна Герасимовски.

Тој објави дека има нерегуларности и со 30 жардиниери на улицата „Антоние Грубишиќ“. Тие ја попречуваа пешачката патека, општинските служби ги залепија до локалот со цел нејзино ослободување и наложија во рок од три дена тие да се внесат внатре. За денеска Герасимовски најави отстранување на гаража на улицата „Кеј 13 ноември“ број 74 и доградба на тераса и метална врата на улицата „Дебарца“.