Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебритсен го освои златниот медал на трката на 1.500 метри на Светското првенство во сала во Нанџинг, Кина. Тој победи со време од 3:38,79 минути и ова му е второ злато во Нанџинг откако славеше на трката на 3.000 метри.

Среброто му припадна на британскиот натпреварувач Нил Горли (3:39.07), додека Американецот Лук Хаузер ја освои бронзата (3:39.17).

Во женска конкуренција, на иста дистанца, славеше Етиопјанката Гудаф Цегај, која истрча 1.500 метри за 3:54,86 минути, поставувајќи нов шампионски рекорд.

Нејзината сонародничка Дирибе Велтеџи го освои среброто (3:59.30), а бронзениот медал ѝ припадна на Британката Џорџија Хантер Бел (3:59.84).

ИЗДВОЕНИ