Мајка и син се убиени во Калесија, а полицијата се уште трага по осомничениот за нивното убиство. Обвинителството на кантонот Тузла објави детали за ова ужасно злосторство.
„Дежурниот обвинител и истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Тузла синоќа извршија увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови беа пронајдени две безживотни тела, триесет и седумгодишна жена и нејзиниот тринаесетгодишен син. Осомничениот за двојното убиство моментално е во бегство и по него се трага. Сопругата и синот најверојатно се убиени со давење. Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта“, изјави Адмир Арнаутовиќ од Обвинителството во кантонот Тузла.
Тој додаде дека во тек се сите потребни истражни дејствија, кои по наредба на обвинителот ги спроведуваат истражители на Одделот за криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи на Кантонот Тузла и Одделот за криминалистичка полиција при Полициската станица Калесија, со цел утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство.