Нашите градежници во моментов работат околу потпросечна плата, како во високоградба, така и во нискоградба. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната исплатена плата во секторот Градежништво изнесува 41.161 денари (670 евра).
Иако платите растат, сепак тие се нестимулативни за градежниците кои си заминуваат од државата. И додека се ситни бројот на градежни работници, нивното место се планира да се пополни со увезени градежни работници. Така, Агенцијата за вработување „Јобстарс“ – Индија, објави оглас во кој се нудат седум видови на работни позиции во Македонија за плата од 550 до 850 евра во зависност од работните задачи. На ѕидари, керамичари, ѕидари со природен камен, хигиеничари кои би дошле овде да работат им нуди плати од 550 до 650 евра. Кај нас пак, во декември 2024 година просечната плата на хигиеничари во згради и чистачи на паркови изнесуваше 27.185 денари (440 евра)
Нашите градежници во моментов работат околу потпросечна плата, како во високоградба, така и во нискоградба. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната исплатена плата во секторот Градежништво изнесува 41.161 денари (670 евра), при што во потсекторите Изградба на згради и Нискоградба е околу 44.000 денари (720 евра), а во Специјализирани градежни дејности изнесува 36.002 (585 евра).
Сепак, ако се споредат со декември 2023 година, тогаш се забележува дека во потсекторот Изградба на згради просечните плати изнесувале 50.084 денари (815 евра), значи биле повисоки, додека пак во Нискоградба биле пониски и изнесувале 40.104 денари (650 евра), а во Специјализирани градежни дејности пред една година биле 33.926 денари (550 евра), значи биле пониски за 35 евра. Иако платите растат, сепак тие се нестимулативни за градежниците кои си заминуваат од државата. Поради ниските плати во 2023 година за прв пат бројот на работници во овој сектор и статистички падна под 50.000 што значи дека голем дел од работниците не заминале од една во друга компанија, туку се заминале од државата.
И додека се ситни бројот на градежни работници, нивното место се планира да се пополни со увезени градежни работници. Така, Агенцијата за вработување Јобстарс – Индија објави оглас во кој се нудат седум видови на работни позиции во Македонија за плата од 550 до 850 евра во зависност од работните задачи.
Работниците ќе добијат бесплатно сместување и храна. Највисок износ на плата им се нуди на инженери, меѓу 750 и 850 евра. Од 550 до 650 евра плата се нудат на ѕидари, керамичари, ѕидари со природен камен, хигиеничари, а на заварувачи и возачи со Ц категорија се бараат за месечна плата меѓу 550 и 700 евра.
Агенцијата го објави огласот и на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Икс“. Неодамна светските медиуми пишуваа дека Индија има огромна млада популација за која државата нема да може да обезбеди работни места. Лани во декември просечната плата во Индија во зависност од регионите се движела од 200 до 700 долари.
Во Македонија, просечната нето плата во декември 2024 година изнесуваше 43.587 денари или 708 евра) и е повисока за околу 3.500 денари во однос на истиот месец 2023 година кога изнесуваше 39.998 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13,2%), Транспорт и складирање (12,3 %) и Рударство и вадење на камен (12,0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13,4%), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7,0%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,6%).
Најголеми просечни нето плати се исплатени во секторот Воздухопловен транспорт – 136.702 денари (2.220 евра). После подолг период највисоката просечна нето плата не е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 101.972 денари (1.660 евра). Најниски просечни плати во декември добиле хигиеничари во згради и чистачи на паркови (27.185 денари), како и вработени во заштитни и истражни дејности (25.669 денари).
(С.Бл.)