Хрватската полиција во неделата околу 04:15 часот добила необична пријава за лице кое голо лежи на улица во Сплит и одбива да се засолни, пренесува Индекс.хр.
Полицајците веднаш излегле на терен, а по пристигнувањето во Улица Краља Звонимир нашле гол маж како лежи на патот, опишала полицијата.
Според извештајот на ПУ на Сплит-Далмација, мажот станал веднаш штом ги здогледал полицајците, по што почнал неконтролирано да мавта со рацете и да разговара неповрзано. Полицајците забележале дека има исеченици на носот и на челото.
Полицијата утврдила дека инцидентот започнал кога возачот на автомобилот го видел мажот како лежи на патот и го запрел возилото за да му помогне. Меѓутоа, кога патниците излегле од автомобилот, мажот станал, почнал неконтролирано да мавта со рацете, удрил едно лице по лицето, а друго каснало.
Откако ги нападнал луѓето кои се обиделе да му помогнат, мажот со раце и нозе удрил во возилото и скршил три стакла.
Полициските службеници го идентификувале мажот, му наредиле да престане со дополнително нарушување на јавниот ред и мир и му ставиле лисици. Со возило на брза помош бил пренесен во болница каде е задржан на лекување, пренесува Индекс.