Во Милано вандализиран мурал посветен на преживеаните од Холокаустот Во Милано е вандализиран мурал посветен на преживеаните Едит Брук, Лилијана Сегре и Сами Мондријан, насликан за 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц.
Уметникот Алесандро ди Паломбо го осуди „антисемитскиот“ чин на вандализам и рече дека оние кои се рамнодушни кон таквите напади се „соучесници во ужасните промени во општеството“, пренесува Танјуг.
Сегре, која беше прогласена за доживотна италијанска сенаторка во 2018 година, присуствуваше на откривањето на муралот во Милано минатата недела, пренесува Раи. Таа за време на церемонијата положи венец во спомен на жртвите од холокаустот, а на настанот присуствуваа и израелскиот амбасадор во Рим Џонатан Пелед и главниот рабин Рикардо ди Сени.