Инцидент во Мајорка: Шест германски велосипедисти се повредени откако во нив удрил автомобил за време на тренинг

85

Шест возачи од германскиот велосипедски тим се згрижени денеска во болница откако за време на тренинг ги удри автомобил управуван од 89-годишен маж.

Нивните повреди не се опасни по живот, иако опфаќаат повеќекратни скршеници, соопшти германскиот тим.

Меѓу шестемина повредени велосипедисти се и медалистите на светското првенство на патека 2024 година, Бенјамин Бос и Бруно Кеслер.

Инцидентот се случил за време на тренинг на шпанскиот остров Мајорка, каде што германскиот тим се подготвува за Европското првенство на патека кое што се одржува идниот месец во Белгија.

ИЗДВОЕНИ