Броји полициски сили се позиционирани меѓу Јадранскиот и Јанкомирскиот мост во Загреб.
Полицијата ја пребарува реката Сава со дронови. На теерен е и ХГСС.
„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај Јанкомирскиот мост, според информациите, во реката влегла жена со дете во рацете, на која и била укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за пребарување насочени кон пронаоѓање на детето“, соопшти полицијата.
„Седум-осум возила веќе еден час го пребаруваат брегот на реката Сава, веројатно бараат некое лице. Помина и Планинската служба за спасување“, јавува читател за хрватски Индекс.