Во градот Лепетани которската полиција извршила проверка на патнички автомобил со тиватски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин М.Р.(39).
Како што соопштија од Црногорската полициска управа, тој при контрола проголтал ПВЦ ќесичка во која имало сомнителен кокаин, а втората кесичка во која имало бела прашкаста материја налик на кокаин им ја предал на полициски службеници.
За настанот бил известен обвинителот при Вишото државно обвинителство во Подгорица, а по негова наредба, поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотични дроги од слобода е лишен М.Р.